Panoramio is closing. Learn how to back up your data.

Macedonia timeless

На југо-западниот дел од ридот, веднаш над Охридското Езеро, се наоѓа црквата посветена на Свети Јован Богослов- Канео. Кога е таа изградена и живописана точно не се знае, но врз основа на еден документ , кој зборува за имотот на црквата, се претпоставува дека е создадена пред 1447 година. Старата црква е во форма на впишан крст со правоаголна основа со тространа апсида на источната страна и октогонална купола. Значајно е да се каже дека кај оваа црква се постигнати хармонични облици во градбата и мошне успешно е декоративното обликување на фасадите и кубето.Архитектурата на оваа црква е значајна за проучување на средновековните споменици на културата. Прифатено е гледиштето дека градителот направил мошне успешен спој меѓу византиската и ерменската школа на градба.

Show more
Show less

Photo details

  • Uploaded on July 31, 2012
  • © All Rights Reserved
    by Darko Onosimoski
    • Camera: Canon PowerShot A480
    • Taken on 1980/01/01 00:00:13
    • Exposure: 0.001s (1/1250)
    • Focal Length: 6.60mm
    • F/Stop: f/3.000
    • ISO Speed: ISO80
    • Exposure Bias: 0.00 EV
    • No flash